Продукти

Работиме со широка палета на производи од областа на телекомуникациите како и на изработка на апликативни решенија и софтвер за потребите на коминтентите.

Доминантен партнер ни е МОТОРОЛА, водечката компанија во областа на телекомуникациите. Претставена со широка палета на своите производи во делот на двонасочната радио комуникација, системите изградени од компонентите од овој производител се покажаа во пракса како најдоверливи, најисплатливи и најнепроблематични, и светски препознатливата бизнис филозофија и квалитет се наметна како прв и во најголем случај единствен избор и пример кој нашата компанија почна да го следи.

Серијата на Cadex C7000 анализатори на батерии ги тестира, кондиционира и ги обновува батериите кои во друг случај би биле исфрлени од употреба. Продолжениот работен век на батериите ја намалува потрошувачката за одржување и ја зголемува довербата во батериите. Најважно од се, корисниците на батериите се сигурни дека нивните батерии нема да ги изневерат кога најмногу ќе им бидат потребни. Серијата на Cadex C7000 анализатори на батерии им служи подеднакво на количински големите и малите корисници на батерии. Постои еден стандарден адаптер за батерии кој може без мака да се користи во било кој од моделите на анализатори. Како опција може да се користи и BatteryShop™ софтверот кој ни овозможува компјутерски интерфејс.

Ако сте вложиле многу пари во скапа и квалитетна опрема која се наоѓа блиску до некој од планинските врвови и неретко е изложена на удар од громови тогаш зошто да чекате, зошто секој наоблачен ден да стравувате дека ќе ја изгубите вашата инвестиција? Ние сакаме да ви порачаме дека имаме решение за вашиот проблем и не само за овој тип на прекунапонска заштита туку производи кои можат да најдат широка употреба во целата ваша организација или пак дом. Компанијата Хакел од Чешка е носител на сертификатот ИСО9001 и работи, истражува и произведува производи за прекунапонска заштита веќе 10 години. Корисници на нивните производи во Македонија се и МО (министерството за одбрана), МВР (министерството за внатрешни работи), ОБСЕ итн.